Кралица на трпезата за Свети Никола – посна Васина торта без печење, се топи во уста
Подготовката на оваа торта е едноставна, но резултатот е впечатлив - слоеви од мелени ореви и кекс, крем од посна слатка павлака и чоколада, со свежа арома на портокал, ќе ги воодушеви сите гости на масата.

Свети Никола е еден од најпрославуваните празници во македонските домови, а секако, се подготвуваат посни јадења и слатки за славата. За сите кои сакаат да ја почитуваат традицијата и да подготват нешто посебно без јајца, млеко и печење, посната Васина торта е вистински избор.
Оваа торта, позната како „кралица на тортите“, има богата арома на ореви и чоколада, а нејзината нежна текстура ја прави совршена за секоја прослава.
Историјата на Васината торта датира уште од 1908 година и се верува дека потекнува од градот Параќин во Србија. Нејзината посна верзија, која не заостанува по вкус за оригиналната, овозможува да уживаме во класиката без да се наруши постот или посните обичаи. Идеална е за сите кои сакаат едноставен, но незаборавен десерт, кој не бара печење и е прилагоден за посни слави.
Подготовката на оваа торта е едноставна, но резултатот е впечатлив – слоеви од мелени ореви и кекс, крем од посна слатка павлака и чоколада, со свежа арома на портокал, ќе ги воодушеви сите гости на масата.

Состојки:
300 г посни кекси
250 г ореви
250 г посен маргарин
750 мл посна слатка павлака
100 г шеќер во прав + 2 лажици
100 г посна чоколада
1 портокал
Подготовка:
Кексот добро измешајте го со 120 г ореви. Во посебна чинија соединете половината од мелениот кекс (150 г) со половината од мелени ореви (60 г).
Додадете половина од поснот маргарин (125 г) и 5 лажици од посната слатка павлака. Добро измешајте.
Подгответе округол калап, намачкајте го со малку масло и обложете го со хартија за печење, вклучувајќи ги дното и страните. Истурете ја смесата во калапот, добро израмнете и притиснете.
Преостанатата слатка павлака изматете ја со шеќерот во прав. Во посебна чинија соединете го преостанатиот маргарин (125 г) со 2 лажици шеќер во прав и растопеното чоколадо. Измешајте со миксер, а потоа додадете го сокот од портокал и рендана кора. Вмешајте половина од изматената слатка павлака.
Додајте ги преостанатите ореви (60 г) и кексот (150 г). Повторно промешајте и сипете ја смесата врз кексот во калапот, израмнете. Потоа нанесете ја преостанатата изматена слатка павлака и израмнете.
На крај украсете со остатокот од сечканите ореви (130 г).

Оваа посна Васина торта е совршена за секоја слава или празник, а веруваме дека ќе ѝ се израдувате за претстојната слава Свети Никола. На здравје!



