Наши ѕвезди

Кралица на разводите на целиот Балкан е оваа дама од Македонија – нејзините зборови ги шокираа сите

Оваа пејачка зад себе има дури 12 бракови

Advertisement

И никогаш не криела зошто е тоа така…

Неодамна големо внимание привлече и разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, поранешниот германски фудбалер.

Advertisement

Тие беа речиси цела една деценија во брак и имаат три деца, а за нивната свадба се зборуваше со месеци.

Принтскрин/ Инстаграм, Јутуб

Но додека целиот регион зборува за овие „неочекувани“ разводи од светот на познатите, ретки се оние кои што знаат дека всушност, позната пејачка од Македонија го држи рекордот на Балканот кога е бројот на пропаднати бракови во прашање.

Advertisement

Станува збор за Маја Оџаклиевска, која се има разведено дури 12 пати за што и самата зборуваше во медиумите своевремено.

Принтскрин/ Јутуб

„Нарциси се луѓе што ве гледаат, но никогаш нема вистински да ве видат. Нивната љубов е само одраз на нивната потреба да се восхитуваат. Тие всушност никогаш не се вљубуваат во другите туку само во сопствениот одраз во огледалото“, изјави пејачката еднаш, па додаде:

„Имав 12 таканаречени бракови. И кога ќе дојде оној момент кога ќе почне мрморење или однесување што не ми се допаѓа, јас ги ставам работите во ќесе за ѓубре и кажувам: ‘Работите ти се надвор. Чао, довидување и нов брак’“, зборуваше своевремено познатата пејачка за својот емотивен живот од минатото.

Принтскрин/ Инстаграм

Потсетуваме, Маја има две ќерки Теа и Андреа кои ги има одгледано сама, а досега многупати во своите интервјуа има истакнато дека нејзиниот живот речиси никогаш не бил лесен, а како самохрана мајка се случувало понекогаш да нема пари ни за млеко за своите деца.

Принтскрин/ Јутуб

Таа во младоста важеше за една од најубавите пејачки во цела Југославија, но и за еден од најдобрите вокали на овие простори.

Таа долго време живееше во Белград со своите две ќерки, а потоа и со внукот Лука кој има аутизам, но во еден момент реши со својот внук да се пресели во едно преубаво село во близина на Велика Плана.

Принтскрин/ Јутуб

Што вели Маја за оваа нејзина одлука, но и за нејзините поранешни партнери со кои го доби ќерките, откријте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button