
Лиса Су не е само успешна извршна директорка – таа е симбол на трансформација, иновација и лидерство.
Во време кога во технолошкиот свет доминираатмажи, таа докажа дека вистинскиот лидер се мери според визијата, храброста и резултатите. AMD денес е силен играч во индустријата на полупроводници и микрочипови, а нејзината приказна е инспирација за идните генерации инженери и лидери.
Нетo богатството на Лиса Су надминува 1,3 милијарди долари, што е сведоштво за нејзините лидерски квалитети, бидејќи најголемиот дел од нејзиното богатство потекнува од нејзините акции во AMD. Нејзината приказна е инспиративна – од дете имигрант заинтересирано за математика до извршен директор на водечка компанија за микрочипови и моќна жена во светот на бизнисот.
Маркетинг
Од скромни почетоци до технолошка икона
Лиса Су е родена во 1969 година на Тајван, но нејзиното семејство се преселило во САД кога имала само неколку години.
Нејзината мајка, која имала искуство во сметководство, секогаш ја поттикнувала да се занимава со науки и математика. На само 10 години, Лиса започнала да проучува инженерство, а нејзиниот интерес за технологијата станал уште посилен кога татко ѝ ѝ подарил прв компјутер.
Таа дипломирала на престижниот MIT (Масачусетскиот институт за технологија), каде што го стекнала и својот докторат по електротехника.
За време на студиите, нејзиниот фокус бил на материјалите за полупроводници и како да се подобрат микро-чиповите, што ќе стане клучно за нејзината идна кариера.
Почетоците во технолошкиот свет
По дипломирањето, Лиса Су ја започнала својата кариера во Texas Instruments, но набрзо се придружила на IBM, каде што работела на развој на технологијата за процесори. Во IBM, таа раководела со тимот што го разви еден од најнапредните полупроводници во тоа време. Оваа работа ѝ донесе огромна репутација во индустријата, а подоцна ќе ѝ помогне да ја трансформира AMD (Advanced Micro Devices, американска технолошка компанија).
AMD пред доаѓањето на Лиса Су
Кога Лиса Су се придружи на AMD во 2012 година како потпретседател за глобални бизнис операции, компанијата се наоѓаше во сериозна криза. AMD беше во финансиски загуби, технологијата заостануваше зад Intel, а пазарниот удел постојано се намалуваше. Соочена со можен банкрот, компанијата итно имаше потреба од визионерско лидерство.
Во 2014 година, Лиса Су беше назначена за извршен директор на AMD, станувајќи првата жена на оваа позиција во историјата на компанијата. Нејзината цел беше амбициозна – да ја врати AMD во играта и да ја претвори во конкурент на најголемите играчи во индустријата.
Револуционерниот план на Лиса Су
Лиса Су го започна својот мандат со радикални промени. Наместо да се натпреварува со Intel во директна битка, таа одлучи да инвестира во иновации кои ќе ја издвојат AMD од конкуренцијата. Клучните чекори кои ги презеде вклучуваат:
Фокус на кај перформанс (high-performance) процесори – Наместо да се обидува да ги следи Intel, AMD се насочи кон развој на процесори кои не само што се поевтини, туку се и побрзи и поефикасни.
Зен архитектурата – Под водство на Лиса Су, AMD ја разви револуционерната Зен архитектура, која ја врати компанијата на врвот на индустријата. Зен процесорите, лансирани во 2017 година, не само што го зголемија пазарниот удел на AMD, туку и директно го загрозија доминантниот Intel.
Пробив на серверскиот пазар – AMD долго време заостануваше на пазарот на сервери, каде што Intel имаше речиси монопол. Со воведувањето на EPYC процесорите, AMD започна агресивно да освојува големи клиенти како Мајкрософт, Гугл и Амазон.
Влез во гејминг индустријата – AMD склучи договори со Сони и Мајкрософт за снабдување со процесори за нивните гејминг конзоли Плеј стејнш и Икс бокс. Овој потег донесе огромни приходи и ја зголеми популарноста на брендот AMD.

Од банкрот до пазарен лидер
Кога Лиса Су ја презеде AMD, цената на акцијата беше под 2 долари. Под нејзино водство, вредноста на компанијата се зголеми за повеќе од 50 пати, достигнувајќи рекордни нивоа во 2022 година. AMD стана сериозен конкурент на Intel, а во некои сегменти дури и го надмина. Компанијата исто така навлезе во AI и cloud computing секторите, зацврстувајќи ја својата позиција како еден од најиновативните играчи во индустријата.
Признанија и награди, колку тежи Лиса Су?
Лиса Су е добитничка на повеќе престижни награди во технолошката индустрија. Во 2020 година, таа ја освои наградата „Robert N. Noyce“, што ја доделува Semiconductor Industry Association, а списанието Fortune ја прогласи за една од најмоќните жени во бизнисот. Според престижниот Тајм таа беше лани прогласена за менаџерка на годината.

Богатството на Су главно потекнува од нејзините акции во AMD и го одразува импресивниот раст на компанијата под нејзино водство.
Треба да се истакне дека уште во 2019 година, Су беше најплатениот извршен директор во индексот S&P 500, со пакет компензација проценет на 58,5 милиони долари.
Богатството на Лиса Су во најголем дел е концентрирано во нејзините акции на AMD. Таа поседува околу 4 милиони акции на AMD, чија вредност, заклучно со 19 февруари, надминува 456 милиони долари.
Покрај нејзините акции во AMD, Су има удели и во други компании. Таа поседува околу 6.500 акции во Analog Devices Inc, кои вредат над 1 милион долари.
Су исто така била член на управните одбори на разни организации, вклучувајќи ги Cisco Systems и Американската асоцијација за полупроводничка индустрија, што може дополнително да придонесува за нејзините приходи.
Иако специфични детали за нејзините други активи и инвестиции не се јавно достапни, јасно е дека нејзините значајни удели во AMD и други технолошки компании се главниот столб на нејзиното финансиско портфолио.
Личен живот и контроверзии
Според достапните информации, Лиса Су води релативно приватен живот, избегнувајќи контроверзии. Таа е мажена за Даниел Лин и живеат во Остин, Тексас.
Интересен факт е дека Су е прва братучетка на Јенсен Хуанг, извршниот директор на конкурентната технолошка компанија Nvidia. И покрај нивната семејна поврзаност, двајцата одржуваат професионално ривалство како лидери на конкуренти компании.