Погледнете како изгледа кога кралица носи парчиња од Зара
Ново шик издание на шпанската кралица
Шпанската кралица Летиција е една од најдобро облечените дами и тоа не само на кралскиот двор, туку и во светот воопшто. Таа неодамна во Мадрид ги воодушеви сите и тоа не само поради нејзиниот препознатлив елегантен и женствен стил, туку и по тоа што носеше евтини парчиња од познатиот комерцијален бренд Зара.
Со ова кралицата ни покажа дека во нејзините плакари, покрај скапите дизајнерски парчиња, има место и за модели кои можеме да си ги дозволиме сите и со кои можеме да изгледаме подеднакво гламурозно. Овој пат станува збор за комбинација на пастелно розова маица со подолги ракави и карнери со панталони килоти кои се хит.
Во прашање се парчиња од најновата колекција на познатиот шпански бренд кои кралицата ги носеше во комбинација со салонки и чанта со дезен од змијска кожа.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на кралицата?