Некогаш нејзината мајка беше во центарот на вниманието
Но денес Каја Гербер, 15 годишната ќерка на Синди Крафорд која и ден денес се смета за една од најубавите жени на светот, веќе ги има направено првите чекори во светот на модата. Но покрај нејзиниот убав изглед, таа привлекува внимание и со нејзиниот стил, кој би можеле да го наречеме типично манекенски – кратки здолништа, тексас шорцеви, мини фустани, високи потпетици, чизми, кожни и тексас јакни, беретки…
Каја сака да го меша уличниот стил со гламурозни модели …
Но едно парче во нејзините плакари дефинитивно превладува, а тоа се кратките тексас шорцеви кои често ги носи во најразлични изданија. Па бидејќи станува збор за најтоплиот период во годината, малку истражувавме и се обидовме да ги најдеме нејзините најдобри изданија со ова парче како би позајмиле некоја идеја од неа. Еве што најдовме …
Премини на следната страна >>