Кафе муабет

„Либанска замка” вака крадците ви ги крадат парите од банкомат! Еве како да се заштитите?

Advertisement

„Либанска замка”, механизам кој крадците го поставуваат на банкоматите како би дошле до парите од картичките на граѓаните.

bankomat1

Advertisement

„Либанска замка” е апарат кој се додава на банкоматот на местото каде што се става картичката, а потоа тој го „чита” бројот на употребената картичка и на основа на тоа се прави лажна картичка и се крадат парите од сметката.

Овој механизам се состои од пластични делови кои се ставаат на картички (скимери) и специјално изработена “флеш”меморија, чија функција е да ги чува податоците од картичките. ПИН-кодот, без кој не е возможно да се пристапи до сметката, главно го снимаат со скриено камерче или уред кој автоматски го памети бројот кој се внесува, велат експертите.

Како да се заштитите?

Advertisement

За време на подигање на пари внимавајте, не го откривајте ПИН-кодот на друг човек. Кога го внесувате кодот со едната рака обидете да го сокриете, а ако картичката ви се заглави во банкоматот, веднаш обратете се во банката. Чувајте се од непознати личности кои ви нудат помош, доколку забележите нешто сомнително на банкоматот, немојте да го користите.

На крај, редовно проверувајте ја состојбата на сметката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button