Кожени капути кои ќе ве освојат на прв поглед!
Кожените капути и оваа сезона ќе бидат хит и тоа во сите облици и бои. Тие веќе ги красат полиците на најпознатите дизајнерски имиња, но и кај комерцијалните брендови како што се Манго и Зара. Посебно внимание е посветено на деталите, па така на пример во продавниците на „Saint Laurent“ ќе сретнете прекрасен капут со јака со тиграст дезен, додека брендот „Shrimps“ наместо јака, својот капут од лакирана црна кожа го зачини со крзно во розова боја. Нам особено ни се допаѓа кожениот капут од еден од нашите омилени брендови „Vatements“кој е во боја на виното (инаку, токму оваа боја важи за водечки тренд за оваа сезона), како и црвениот капут-мантил од Зара кој дефинитивно е парче во кое вреди да се инвестира и за кое сме сигурни дека нема девојка што не би сакала да го има во своите плакари.
види повеќе » |