Кожните јакни оваа пролет се вистински хит
Моторџиските кожни јакни (кај нас познати и како рокерки) веќе со години наназад не се заштитен знак само на љубителите на животот на две тркала. Тие и оваа сезона се хит, а во продавниците можете да најдете женствени модели на кои ретко кој може да одолее – од оние предимензионираните зачинети со нитни и везови, до моделите во впечатливи бои или украсени со цветни мотиви.
Тие се популарни и во машките плакари, особено моделите што ги носат моторџиите – од цврста дебела кожа со кос патент за затворање, со подигнати раменици и со џебови и ремен кој колку е практичен, толку е и атрактивен.
Moschino
JEREMY SCOTT
Што се однесува до женските модели, оваа пролет особено се популарни кожните јакни во зелена боја за кои веќе ви пишувавме (види тука), но и поелегантни парчиња што можете да ги носите во вашите деловни изданија, како и моделите во „неочекувани“ бои како што се сина, жолта, црвена…
Покрај споменатите бои и оваа пролет популарни се моделите во металик златни и сребрени нијанси како и моделите зачинети со нитни, везени цветни мотиви и ѕвезди.
Секако, во тренд е и класичниот црни модел што потсетува на оригиналниот кој во дваесеттите години од минатиот век го осмислија браќата Ирвинг и Џек Шот, синови на руските емигранти кои станаа официјални партнери на Харли Девидсон, но овој пат се носи во женствена варијанта на панкерскиот стил – со пастелни фустани и мрежести хулахопки или чорапи.
3.1 PHILLIP LIM £367
BALENCIAGA £1,750
Desigual
GOLDEN GOOSE DELUXE BRAND £1,146
GUCCI £3,717
Guess
Harley-Davidson
Jolie’s
Mango 7,990 MKD
Mango 7,990 MKD
Mango 7,990 MKD
Mango 9,900 MKD
Mango
Zara 5,990.00 MKD
OFF-WHITE £1,434
SAINT LAURENT £2,496
SAINT LAURENT £2,638
VETEMENTS £3,209