Фустан и кожна јакна – ох, ја обожаваме оваа комбинација!
Да, овие две парчиња секоја од нас треба да ги има во своите плакари, особено за овој период од годината. Што се однесува до правилата според она што можевме да го видиме на Инстаграм и Пинтерест, тука некои посебни правила и нема. Треба само да го изберете омилениот фустан и да го комбинирате со црна или кожена јакна во некоја весела боја како што се на пример популарната вино боја, розова, бебешка сина, црвена, жолта… Фустаните можат да бидат тесни или лелеави, макси, миди или кратки, со кратки или долги ракави… Добра вест е што оваа сезона можете да ги носите и со патики и да изгледате шик, но и со балетанки и високи чизми, а кога ќе дојдат високите температури комбинирајте со сандали и платформи.
Како да ги носиме јакните кои ќе бидат хит и оваа пролет >>
види повеќе » |