Топ 5 козметички производи за ова лето
Сите сакаме да уживаме во летото без страв дека ќе ни се растопи шминката или пак размачка маскарата или карминот, така?
Затоа, при изборот на козметичките производи за лето посветете посебно внимание на квалитетот и на карактеристиките на производите и изберете ги најсоодветните за вас.
Како мало помош, ви подготвивме една галерија на производи кои е пожелно да ги имаме во нашиот летен арсенал – од шминки кои можеме да ги користиме секој ден, до интересни нијанси резервирани за свечени или вечерни пригоди!
КАРМИН
За ова лето ви ги препорачуваме новите нијанси на кармините MATTE Lasting Lipstick од Seventeen (бр. 31, бр. 32 и бр. 33). Станува збор за кармини со долготраен мат ефект на усните, во модерни летни нијанси, со заштитен фактор СПФ 15 за заштита од штетни сончеви зраци и збогатени со масло од манго и јојоба за длабока хидратација и нега на усните.
БРОНЗЕР
Дочекајте го летото со бронзен тен и свиленкаста кожа. Компактна пудра Bronzing Powder на SEVENTEEN за здрав, блескав и исончан изглед. Се става на лицето, рамената и деколтето.
Достапна е во три нијанси.
MАСКАРИ ВО БОЈА
Mаскарите во боја се апсолутен хит за ова лето, а во нашите продавници дефинитивно најдобри се маскарите од SEVENTEEN. Па, доколку го сакате смелиот изглед, со доминантно истакнати очи во боите на виножитото, одберете ја вашата омилена маскара во боја The Stylist.
МАТ ТЕЧНА ПУДРА
Мат + течна пудра (Matte Plus) од SEVENTEEN за комбинирана и мрсна кожа. Покривна, долготрајна, со мат ефект и не содржи парабени. Со неа ќе имате чувство на свежина на лицето во текот на целиот ден. А токму тоа ни треба посебно за летно време, така?
ЛАК ЗА НОКТИ ВО ТРЕНДИ БОЈА
Шминкањето треба да преставува задоволство, а откако ќе се нашминкате, заокружете го вашиот изглед со вистинскиот лак за нокти. Наша препорака за ова лето се новите летни нијанси No.152, No. 154 и No.182 на лаковите „Supreme Nail Enamel“ од Seventeen.