Реклама
BEAUTYНега и здравје

4 козметички производи кои во текот на летото треба да ги чувате во фрижидер

Реклама

Колку пати до сега сте морале да ги фрлите во кантата за отпадоци своите омилени козметички производи, затоа што се расипале од многу жешко? Сигурно веќе знаете дека во текот на летните месеци постојат некои мејкап производи кои би требало да ги чувате во фрижидер, а еве за кои поточно станува збор.

Крема за областа околу очите

Можеби ви звучи изненадувачки, но овој производ би требало да го чувате во фрижидер преку целата година. Кога е изладена, кремата за областа околу очите ќе биде поефикасна и ќе ви помогне да ги намалите отоците и црвенилото.

Кармини и сјаеви

Дали сте знаеле дека ниту еден од овие производи не би требало да го чувате во вашиот автомобил, особено преку летото? Жештината може да ја промени нивната текстура, тие да го изгубат квалитетот и да се расипат. Истото важи и за нивно чување во чанта.

Маркетинг

Маска за лице

Без разлика за каква маска станува збор,кога е разладена таа делува многу подобро и побрзо го освежува лицето во текот на летните горештини. Од друга страна, ако ја оставите во загреана просторија, таа ќе изгуби од својот квалитет и ќе стане помалку ефикасна.

Масло за лице

Сончевата светлина и топлина може да го расипат маслото за лице. Затоа, чувајте го во фрижидер во текот на летото, а во текот на останатите месеци ставете го на некое темно и студено место.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button