Нови начини како да носите кожено здолниште оваа есен
Парче кое можете да го носите во сите пригоди
Кожните здолништа од есенските колекции на познатите брендови се клучен модел во преодниот период, а во комбинација со внимателно избрана облека и некој поголем џемпер можете да ги носите и преку зима. Тие изгледаат модерно, можат да бидат со средна или кратка должина, асиметрични или зачинети со нитни и патенти. За полежерен секојдневен изглед, носете со бела маица, рамни обувки и широки џемпери, а посебно убаво ќе изгледате со џемпер со крупно ткаење и во некоја пастелна нијанса. Во комбинација со едноставна кошула, или џемпер, тренди капут и соодветни обувки мижете да ги носите и во вашите деловни изданија.
Па, отворете ја галеријата и погледнете како да носите кожени здолништа, но и зошто токму овој модел е маст-хев парче за оваа сезона.
види повеќе » |