Реклама
Кожа и нокти

Има 61 година, а кожа нежна и мазна како девојка: Таа се негува со наједноставниот препарат на светот!

Реклама

Оваа жена е најпознатиот модел со седа коса – нејзиното тело изгледа беспрекорно а ова е нејзината тајна.

Јаземенах Роси денес е познат модел на која вратите од модната индустрија и се отвориле дури кога наполнила 45 години, и тоа токму благодарение на нејзината бела коса и речиси совршена кожа. Таа уште од тогаш е исклучително атрактивна, а денес малку кој може да поверува дека има 61 година. Таа открила дека за тоа може да му биле благодарна само на здравиот животен стил, а посебно на маслиновото масло коешто го нанесува на својата кожа речиси секојдневно, додека еднаш неделно токму од маслиново масло прави посебен препарат со којшто исто така се негува, пишува The Sun, а пренесе српскиот Курир.

Маркетинг

Родена во Франција, таа ја започнала својата кариера со 28 години, што за модната индустрија се смета за екстремно доцна, но се пробила дури кога имала 45 (!). Таа тврди дека маслиновото масло е најголемата тајна за нејзиниот изглед, а додава и дека секојдневно ужива во оброци богати со хранливи супстанци. „Медиумите сакаат да нè уверат дека за совршена кожа ни требаат секакви чуда, но тоа не е вистина. Пораснав во опкружување во коешто маслиновото масло се употребува за готвење, а се користело и за косата и за кожата – и ништо повеќе“, изјавила Јаземенах во разговорот за порталот Daily Star Online.

Маркетинг

Роси се колне дека за нејзината фигура е заслужна единствено здравата исхрана. Секој ден консумира по едно авокадо, а смрзната и брза храна вели дека не јаде воопшто. Нејзината диета главно се базира на зеленчук, риба и месо, како и овошје и јаткасти плодови.

https://www.instagram.com/p/BNsaDdsgIm1/

Извор: kurir.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button