Откако госпоѓицата Шанел ја украде од машкиот ормар и им ја подари на дамите, кошулата полека но сигурно станува задолжително и пред сé класично модно парче во гардеробата на секоја жена.
Со кошулите можете да правите што сакате. Во зависност од вашата креативност и вашите желби може да ја комбинирате со разни парчиња облека и модни додатоци создавајќи препознатлив сопствен стил.
Белата кошула како една од најзастапените и најпреставителните може да ве одведе од бирото на шанк со само еден едноставен чекор! Таа дефинитивно е класика што може да се споредува со малиот црн фустан.
Од друга страна пак, тука се карираните кошули кои исто така се вратија на голема врата оваа сезона и кои ги носат жени на сите возрасти, од тинејџерки до дами во зрели години, особено кога станува збор за неформални пригоди.
ОТВОРИ ГАЛЕРИЈА » |
Брендови: Vctoria’s Secret, Mango, Zara, Pull & Bear