Австралиската кралица на Инстаргам одлично се снајде во главна улога во новата кампања на познатиот италијански бренд Yamamay.
Познатата бикини блогерка и кралица на австралиските топ модели Наташа Оклеј оваа сезона се појави во новата кампања на познатиот италијански бренд за костими за капење Yamamay. Од она што можевме да го видиме од фотографиите, станува збор за модерни и женствени модели , со отвори и резови на вистинските места, а се со цел да добиете максимално привлечен ефект. Покрај ретро моделите сигурни сме дека ќе ви се допаднат и моделите од ресорт линијата инспирирана од луксузните дестинации, а наменети за сите жени кои и за време на годишниот одмор сакаат да изгледаат елегантно. Таканаречениот balconette топ ги нагласува облините на секое тело, а се комбинира со гаќички со висок струк, додека еднобојните модели во црна, розова и пурпурна нијанса се 100% гаранција за долго тренди лето, токму како она на оваа русокосата убавица која зрачи со својата со експлозивна енергија.
Какви костими за капење ќе бидат во мода ова лето >>
Отвори ја галеријата и погледни ги најдобрите модели од овој бренд >>
види повеќе » |