Еден од омилените трендови на Македонките ова лето ќе биде хит и на плажите
Нашите омилени костими за капење

Од топлата летна сезона не делат уште неколку месеци, но тоа не значи дека не треба да планираме што ќе правиме во највозбудливиот период од годината. Па така покрај првичното разгледување на понудите од туристичките агенции (доколку веќе сте резервирале и сте го испланирале целиот одмор, секоја чест за вас!) во овој период секогаш не интересираат и новите модели на костими за капење. И од она што досега можевме да го видиме точкестите модели дефинитивно се враќаат на голема врата и важат за еден од најшармантните и најпосакуваните трендови за ова лето.



Овој дезен ги разигра како едноделните модели со едноставен крој кои совршено ги надополни со ретро естетика, така и провокативните бикини со гаќички со висок струк кои ги направи да изгледаат дополнително симпатично и неодоливо. Можете да комбинирате и со други впечатливи детали како на пример со карнери кои исто така се хит, но и со сламен шешир, мрежеста торба, ретро очила за сонце и бела кошула во улога на наметка за на плажа со кои ќе изгледате како и познатите дами што ги следиме на Инстаграм…
Костими за капење што ќе бидат хит ова лето >>

CAROLINE CONSTAS £250

GANNI £117

LISA MARIE FERNANDEZ £313

LISA MARIE FERNANDEZ £299

Mango

Mango

Mango

Mango

Mango

Marysia

NORMA KAMALI £234

Oysho

Oysho

Pimkie

PrettyLittleThing

 


