Линијата Movimento Brasil на Yamamay beachwear се одликува со сензуалност и заведува со егзотичната палета на бои како и со необичните детали кои го слават оптимизмот и енергичноста на прекрасниот Бразил.
Movimento Brasil е линија со потписот на Дуду Бертолини и претставува продолжение на Yamamay проектот во чиј склоп омилениот италијански бренд за долна облека избира бразилски дизајнер за да ја осмисли целата линија за на плажа инспирирана од сопствениот поглед на светот и на тој начин да придонесе во разноликата понуда на костими за капење во асортиманот каде врвниот квалитет на секоја жена и гарантира бескомпромисно тренди лето. Шарениот свет на дизајнерот со својата сензуалност и елеганција идеално се вклопија во веќе постоечките линии на костими за капење и облека за на плажа од познатиот бренд, додека тропските мотиви и силните бои неодоливо ве повикуваат на летните лудории.
види повеќе » |