Наши ѕвезди

Костим за капење по кој сите се вртат на плажа – нашата водителка во него изгледа како сирена (фото)

Едноделен модел на костим за капење што ова лето е хит на плажите низ светот

Advertisement

Нашата позната водителка Лила Филиповска веќе неколку дена ужива во Бодрум каде ги полни батериите за нови предизвици.

Но Лила не заборава и на своите бројни фанови на социјалните мрежи, па ги почести со нови интересни фотографии.

Advertisement

И откако го покажа хотелот и опкружувањето во кое престојува, Лила реши да се пофали и со својот нов костим за капење.

Имено, водителката позираше во опуштено издание и фотографиите ги објави на своите профили на социјалните мрежи, а носеше костим за капење кој им е омилен на многу познати дами – едноделен модел со одличен крој и во апсолутно шик нијанса.

Advertisement

Таа позираше покрај морето, а на тоа како изгледаше можат да и позавидат и многу помлади дами од неа.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Атрактивната водителка води сметка за својот изглед, така што и овој пат не изостанаа и комплиментите од фановите.

Инаку, Лила овој пат носеше хит модел на костим за капење кој жените го обожаваат и е водечки тренд за оваа сезона.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Покрај кројот и „nude“ нијансата која ќе го истакне нејзиниот тен, овој костим за капење е во тренд и заради ефектот со згужваниот материјал кој му ја дава потребната текстура и создава шик слика.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Едноделните модели се одличен избор и доколку сакате некои делови да останат покриени, но и за комбинација со модни додатоци.

Во нив секогаш ќе изгледате како да сте облечени за секаков настан на базен или плажа, а Лила и еден ден претходно позираше во едноделен модел. Водителката тогаш носеше црн модел, со ремен, а и овој детаљ е апсолутен хит кога станува збор за костими за капење.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Ремените и врвките како различните текстури, на костимите за капење им даваат тродимензионален елемент и ги креваат на повисоко ниво, истовремено изгледајќи и мошне гламурозно.

Како Лила изгледаше и во ова издание, погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button