Костенот лечи многу болести: Плод кој ги чува срцето и бубрезите, полн со магнезиум и витамин Ц
Со есента, костенот станува еден од најчестите намирници на нашата трпеза. Тој содржи масти, но во многу мали количини. Не дебелее и содржи витамини кои одлично делуваат на организмот. Здрава количина костени во еден ден е 85 грама.
Јадејќи костени, во организмот ќе внесете и важни материи како хранливи влакна, магнезиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк и калиум. Во внесувањето на костените ќе го намалите нивото на холестерол, а од нив можете да направите и брашно и пире, затоа што е без глутен. Од друга страна, има голем процент на скроб, поради што е сличен на компирот и пченката.
Овој плод можете да го јадете варен, печен, како пире или подготвен во чај. Во кој било облик ќе го добиете неговиот интересен вкус и сите нутритивни вредности.
Чај од костен
Костенот е познат по тоа што помага при тегоби со варењето и бубрезите. Чајот од костен помага и при симптоми на астма и бронхитис.
Костенот го чува срцето
Во костенот се наоѓа високо ниво на моно-незаситени масти, како што се олеинската и палмитинската. Тие го штитат кардиоваскуларниот систем и ќе ви помогнат да го намалите нивото на холестерол.
Костенот делува противвоспалително
Поради своите противвоспалителни својства, костенот е идеална намирница за луѓето кои патат од артритис и реума.