Космосот ќе ги стресе до коски – три хороскопски знаци со драматичен пресврт овој викенд
Меѓу 5 и 8 септември планетарното небо носи силни турбуленции: ретроградни циклуси, енергии на претстојните еклипси и космички тензии што ќе остават силен белег на секојдневието, особено за три хороскопски знаци.

Во текот на продолжениот викенд, од 5 до 8 септември, небото испраќа силни сигнали: еклипсите што се приближуваат, ретроградните планети и космичките тензии ја тестираат издржливоста на три хороскопски знаци. Некои ќе го почувствуваат товарот на разочарувањето, други ќе ја доживеат радоста на новите почетоци. Едно е сигурно, тлото ќе се измени под нивните нозе, а од нив ќе зависи дали ќе го претворат тоа во пад или во подем.
Астролозите предупредуваат: овој викенд нема да помине незабележано. Еве кои три знаци се најпогодени.
Advertisement
Овен – во сенката на Сатурн
Овните влегуваат во викенд полн со емоционални и духовни превирања. Ретроградниот Сатурн во Риби носи сомнежи и внатрешни блокади, а Марс во Вага отвора конфликти во односите со блиските. Сепак, токму преку овие предизвици може да се роди нова сила. Она што на прв поглед изгледа како разочарување, може да се претвори во пресвртница за личен раст.
Девица – хаос што води кон нов почеток
Девиците ќе почувствуваат како редот и дисциплината, на кои се навикнати, се распаѓаат. Но хаосот е само привид. Меркур, нивната владејачка планета, е во Девица и отвора врата за јасна мисла и нови цели. Иако вистинската енергија на Сончевата еклипса ќе се почувствува дури кон 21 септември, нејзините вибрации веќе се забележуваат. За Девиците, ова е период на завршување на старото и храбро влегување во ново поглавје од животот.
Близнаци – потрес што отвора нови хоризонти
Уран на 6 септември влегува во ретрограден циклус во Близнаци, носејќи потреси во сферата на комуникацијата, идеите и личната сигурност. Многумина Близнаци ќе почувствуваат дека се изгубени, но токму во таа нестабилност се кријат нови можности. Викендот ќе им покаже дека пресвртот може да биде болен, но во исто време и ослободувачки.