КОСМОСОТ ГО ВРТИ ВОЛАНОТ КОН ПАРИТЕ – три хороскопски знаци не се ни свесни каков прилив доаѓа до 1 декември
Астролозите велат дека три хороскопски знаци во периодот од 21 ноември до 1 декември 2025 година се под отворено космичко небо кое ветува пари, стабилност и напредок. За некого тоа ќе биде ненадејна добивка, за друг - затворен круг што конечно се отвора. Секој знак ќе го добие она што гозаслужил, а космосот - барем за овие три знаци - ќе биде исклучително дарежлив.

Периодот од 21 ноември до 1 декември 2025 година носи редок сплет на астролошки околности што стручњаците ги опишуваат како „финансиски прозорец“ – краток, но интензивен период во кој неколку зодијачки знаци ќе почувствуваат како космичките струи се пренасочуваат директно кон нивната корист.
Транзитите на Сонцето, Меркур, Јупитер и Нептун го отвораат патот за неочекувани приходи, задоцнети награди и бонуси, реализирани проекти, па дури и наследства.
Advertisement
Астролозите предупредуваат дека ваква комбинација на аспекти ретко се повторува и дека токму во овие десет дена „камион со пари“ може навистина да пристигне – и тоа за три хороскопски знаци.
ЕВЕ КОИ СЕ СРЕЌНИЦИТЕ НА АСТРОЛИСТАТА.
Бик – приход од работа
Во случајот на Бик, космичките влијанија се насочуваат кон деловниот сектор и личните приходи. Од крајот на ноември па сè до првиот ден од декември се очекува прилив кој најчесто доаѓа преку работа – бонус на плата, исплата што доцнела или реализиран договор кој долго бил во подготовка.
Астролошките толкувања велат дека Меркур и Јупитер во поволен аспект му даваат на Бикот способност јасно да преговора, мудро да пресметува и да извлече придобивки од ситуации што претходно делувале стегнато.
За Биковите, ова е период кога вреди да се прегледаат сметки, договори и обврски, бидејќи токму таму може да се крие изворот на новиот прилив.
Скорпија – финансиска награда како гром од ведро небо
Кај Скорпијата, приказната е уште поинтензивна. Астролозите укажуваат дека овој знак е под силно влијание на Сонцето кое влегува во хармоничен аспект со Нептун, носејќи изострена интуиција и длабока способност за препознавање можности што другите не ги гледаат. Токму во овој период, велат прогнозите, Скорпиите може да се соочат со финансиска награда што доаѓа „од никаде“, односно, наследство, правно решение, добивка или исплата што била заглавена во административни лавиринти.
Интензитетот на аспектирањето создава чувство дека парите пристигнуваат како одговор на нивната упорност и долгогодишни напори.
Космосот за Скорпијата во овој период работи тивко, но праведно.
Јарец – стабилни финансии
Јарецот, пак, ја добива најстабилната форма на финансиска поддршка. Транзитите што го обележуваат крајот на ноември му носат можност да ја зацврсти својата работна позиција, да започне проект што ветува или да реализира нешто што долго го подготвувал.
Астролозите велат дека Јарецот го чувствува влијанието на дисциплинираните планетарни енергии кои го наградуваат секој чекор што бил почнат со трпение и упорност. Паричниот прилив кај него најчесто пристигнува преку кариера, преку деловни партнерства или преку инвестиции кои конечно носат резултати.
Ова не е добивка преку среќа, туку преку труд, токму како што му доликува на Јарецот.




