Реклама
Коса

Ова е наједноставниот, најбрзиот и најефикасниот тренд за коса што треба да го пробаме оваа есен!

Реклама

Не можеме да ви опишеме колку ги почитуваме трендовите за коса кои не бараат преголема стручност и време за да ги направите.

Девојки, да бидеме искрени, повеќето фризури бараат сериозно да посветите внимание на нив и можете да ги изведете во најмалку десет чекори. Но, овој тренд зборот „едноставно“ го носи на едно сосема ново ниво (тука зборуваме за секунди и милисекунди, а не за минути!) и претставува еден од неједноставните трендови за коса што сме ги виделе досега.

Маркетинг

 

Маркетинг

Станува збор за фризура за која што всушност воопшто не треба да вложите труд, а резултатот ќе биде и повеќе од совршен и шик изглед. Се што треба да направите е вашата коса да ја ставите во јакната или блузата која што ќе ја носите и на тој начин ќе бидете како еден од моделите на „Tory Burch“.

Tory Burch есен/зима 2014

На нејзината ревија во Њујорк кога беа претставени колекциите за есен/зима 2014-2015, моделите се прошетаа со косата ставена целосно во кошулите и џемперите, така што од косата се гледаа само неколку прамени.

Том Форд есен/зима 2014

Од друга страна пак, „Том Форд“ се одлучи за малку поопуштена варијанта, па неговите модели имаа само по неколку прамени во облеката.

Нина Ричи есен/зима 2014

Моделите на Нина Ричи пак, на модната недедела во Париз се појавија со коса ставена во ролки, додека моделите на „Burberry Prorsum“ уште пред неколку сезони го покажаа овој тренд, но така што преку облеката носеа марами и шалови кои беа замотани околку косата и вратот.

Burberry Prorsum

 

А еве како тоа го прави прекрасната Оливија Палермо, девојката која е модна инспирација на многу жени во светот:

Мали, но слатки совети

Не заборавајте дека ролките повторно се во игра, па затоа сега е совршен момент да го пробате овој тренд, особено ако сакате да ви биде топло, и притоа да изгледате модерно. Што се однесува до тоа како да го направите и како да го носите, не треба да паничите, бидејќи станува збор за еден од најлесните трендови за носење.

VIOLETA by Mango

Но, сепак, доколку ви е потребна инспирација, погледнете ја и нашата галерија каде ќе најдете неколку интересни примери како да ја ставите косата во блуза, јакна или капут и притоа да изгледате модерно без да ја средувате.

види повеќе »

Па, дали сме подготвени за овој тренд?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button