Во светот на убавината сите го користиме терминот ’обликување’ во контекст на користење на шминка за креирање оптички илузии врз нашите лица – дефинирање јаболчници, вилична линија и носот.
Но, сега сме 2016 и вообичаеното обликување е веќе поминат тренд. Сега има ново сликарско платно за обликување: нашата коса. Да, можеме буквално да го вајаме лицето благодарение на прецизно поставните нагласени и ненагласени елементи.
Еве што вели за Harpers Bazaar еден од пионерите на овој тренд, Марк Триндер, стилист и уметнички директор на Charles Worthington, Велика Британија, за декодирање на техниките за обликување на косата. „Со користење светли и темни тонови за создавање длабочина и сенка на лицето, како и со примена на боја во одредени области на косата, може целосно да го смените обликот на целото лице или само специфични области“, објаснува Триндер.
Иако, всушност, обликувањето на косата е многу слично со обликувањето на лицето, пристапот е, сепак, „кроен по мерка за секој поединец“, вели Триндер. „Експериментираме со различни бои за различни форми на лице за да видиме кои тонови може да издолжуваат или креираат поовална форма на брадата, на пример.“ За да го обликувате вашиот изглед до совршенство при следното фарбање, еве еден пресек за тоа што да побарате според обликот на вашето лице.
ТРКАЛЕЗНИ ЛИЦА
Тркалезните лица, генерално, имаат силна коскената структура, па светлите тонови се нанесуваат околу линијата на косата, од уво до уво, додека потемните тонови се нанесуваат под ушите и долните краеви на косата. Првите го осветлуваат и издолжуваат лицето, додека вторите повеќе го истакнуваат обликот на лицето.
ОВАЛНИ ЛИЦА
Сметајте го овалното лице како лице кое им одговара на сите, бидејќи не само што одговара на повеќето стилови и бои, туку тоа е, во основа, совршена форма за обликување на косата. За да го истакнете уште повеќе, секогаш гледајте да додадете длабочина со боја, густа текстура и сјај.
ИЗДОЛЖЕНИ ЛИЦА
Подлабоките тонови се нанесуваат до коренот по должина на патецот, а микро-светлите дела се провлекуваат од над ушите до краевите на косата, создавајќи аголен ефект на лицето.
ПРАВОАГОЛНИ ЛИЦА
Четириаголните лица имаат пошироки фацијални црти, па затоа мулти-тонски слоеви на светло и темно се нанесуваат на аглите на лицето и околу линијата на вилицата и слепоочниците, што ги омекнува линиите и додава поголема длабочина.
ЛИЦЕ ВО ФОРМА НА СРЦЕ
Срцевидниот облик е вид на превртен триаголник, со лицето изострено накај брадата. За да се создаде поовална форма, посветлите дела се исткаени околу виличната линија и ушите за да се ублажи долниот половина од лицето.