Нега и здравје

Короната ми ја спаси душата, ракот ми ја одзеде косата – најубавата жена на Југославија ја води најтешката битка од животот

Од врвот на светската убавина до болничкиот кревет – исповед за болката, храброста и надежта што не умира.

Advertisement

Поранешната Мис Интернационал и прва Југословенка што ја понела таа титула во далечната 1975 година, Лидија Маниќ, денес се соочува со најголемата животна драма – борбата со карцин на јајниците.

 

Advertisement
View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Universe Serbia (@missuniverse_serbia)

Advertisement

Во искрено интервју, таа ја отвори душата и проговори за болката, стравот, хемотерапијата и моментот кога, со солзи во очите, сама си ја избричила косата.

Сѐ започнало во текот на пандемијата, кога почувствувала силна болка во стомакот. По лекарските прегледи веднаш била хоспитализирана и оперирана. Дијагнозата што следувала ја замолкнала – карцином на јајници, подмолна болест која ретко се открива навреме. Следувале 25 зрачења, болнички денови и долги ноќи со неизвесност.

Во тој период, нејзината мајка веќе покажувала знаци на деменција, што дополнително ја отежнало ситуацијата. На денот кога дознала дека болеста се вратила, нејзината мајка починала.

принтскрин јутјуб

Пекол што не завршува

По момент на стабилизација, 2023 година ѝ донела нов удар. Болеста се вратила – посилна од претходно. Токму на денот кога дознала за рецидивот, нејзината мајка – која веќе страдала од деменција – починала.

„Телото ми ја одбиваше хемотерапијата, но не се предадов“, раскажува Лидија.

Ракот на јајници е една од најподмолните форми на карцином кај жените. Симптомите се премногу неспецифични – надуеност, болка во долниот дел од стомакот, губење апетит – и најчесто се игнорираат. Затоа, во над 70% од случаите, болеста се открива во доцна фаза кога шансите за излекување се значително намалени.

Лекцијата на животот – никогаш не чекај

Лидија апелира до сите жени: „Не чекајте болката да стане крик, правете редовни прегледи. Само раната дијагноза може да ви го спаси животот“.

Таа денес продолжува да се лекува, но со поголема сила во душата – со надеж, со љубов и со верба дека оваа битка ќе ја добие.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button