MAMAДом и семејство

Корнењето коров оди во заборав – само со една состојка од кујната ќе го уништите засекогаш

Природно и нетоксично решение се крие токму во кујната. И евтино е.

Advertisement

Една состојка од кујната е најдобро решение за коровот во дворот.

Овој прехранбен производ е идеално решение за несаканите растенија што растат низ пукнатини на асфалт, плочник или меѓу камења во дворот.

Advertisement

Иако ниту еден хербицид не е сосема безопасен, природно и нетоксично решение се крие токму во кујната.

Станува збор за натриум хлорид, односно обична кујнска сол.

Како да се користи солта за уништување на коров?

Накратко, солта е ефикасен и нетоксичен хербицид. Сепак, не е секоја сол иста кога станува збор за справување со коров – треба да се користи обична кујнска сол, јодирана или нејодирана.

Advertisement

Проверете на пакувањето дали пишува натриум хлорид, а не магнезиум сулфат, камена или морска сол.

Кога користите сол како хербицид, бидете многу внимателни – прекумерна количина сол може долгорочно да ја направи почвата неплодна. Затоа се препорачува да се користи исклучиво на места каде што не растат други растенија, односно таму каде што не сакате ништо да расте – како што се пукнатини меѓу камења, плочи или покрај приоди.

Како делува?

Солта ги уништува растенијата со тоа што ги дехидрира – ја нарушува внатрешната рамнотежа на вода во растението. Бидејќи е растворлива во вода, најдобро е да се раствори, што го олеснува нејзиното впивање.

Колку сол да се користи?

Колку да биде силна (концентрирана) солената раствор зависи од местото на примена.

Ако коровот е опкружен со растенија што сакате да ги зачувате, започнете со поблаг раствор – однос 1:2 (еден дел сол, два дела вода).

пекселс

Ако третирате пукнатини во бетон, камени патеки или места каде не ве интересира плодноста на почвата, може да користите посилен раствор – однос 2:1 или 3:1.

Овие посилни концентрации со текот на времето ќе ја променат pH-вредноста на почвата и може да ја направат стерилна, што значи дека долго време ништо нема да расте таму.

Како да се нанесе солената вода?

Растворот на солена вода се нанесува директно на лисјата на коровот. Избегнувајте да го полевате коренот – така ќе го заштитите околното тло и растенија.

Може да користите спреј (распрскувач) или едноставно да го истурите растворот од сад.

Ако во близина има други растенија што сакате да ги зачувате, добро полејте ги по третманот – тоа ќе ја измие евентуалната сол што завршила во околната почва.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button