Следниот пат кога ќе правите смути со банана, не фрлајте ја кората!
Таа е полна со хранливи состојки, па затоа е совршен додаток за вашиот здрав пијалак. Особено ако се борите со вишок килограми од кои никако да се решите. Но не заборавајте дека вашето здравје треба да ви биде најважно, и токму ригорозните диети можат да имаат сосема спротивен ефект. Затоа хранете се здраво, а кората од банана е полн погодок!
Нема да ви се верува, но кората од банана, која секогаш ја фрламе, може да ни помогне во слебеењето. Таа е полна со хранливи состојки. Токму затоа во некои земји како на пример во Индија кората од банана претставува деликатес. Треба да ја измиете и исушите, да ги пресечете краевите од двете страни. Потоа пресечете ја бананата на пола. Половината ставете ја во блендер, додадете малку цимет и една лажичка семе од чиа.
Другата половина исечете ја на парчиња и додадете во остатокот од состојките. Изблендирајте убаво додека не добиете глатка смеса. Ставете во чаша и послужете. Смутито ќе ви биде поздраво, а истовремено ќе поработите и на вашето здравје.
Пријатен апетит.