Реклама
BEAUTYНега и здравје

Користи од лубеницата кои вреди да ги знаете

Реклама

Постојат многу причини кои може да ве натерат секојдневно да јадете лубеница. Во продолжение ви прикажуваме едни од најважните.

ФОТО: disslove.com

Витамин Ц

Едно парче лубеница ви нуди дури 25% од дневните потреби за витамин Ц. Тој е важен за вашето здравје, ви помага при апсорбирањето на железото, но и при заздравување на раните.

Подобрен имунолошки систем

Лубеницата има витамин А, кој игра важна улога во здравјето на очите, растот на косата. Витаминот А е од големо значење и за многу други функции, вклучувајќи го и регулирањето на имунолошкиот систем. Едно парче ви нуди дури 30% од дневните потреби.

Маркетинг

Можете да слабеете на здрав начин

Ако сакате да го намалите ризикот од дебелеење, имајте на ум дека едно парче луненица има само 40 калории. Вкусно овошје со ниска калорична вредност, но богато со хранливи материи!

Го чува вашето срце

Истражувањата покажалед ека луѓето кои јадат најмалку три оброци овошје и зеленчук дневно, помалку се подлежни на смрт од мозочен удар, болести на срцето и други срцеви болести, за разлика од луѓето кои јадат само една порција дневно.

Маркетинг

Природен внес на вода

Една чаша изрежани коцкички лубеница содржи околу 90% вода. Оваа течност се смета за најдобар извор на течности за вашиот организам.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button