Реклама
MAMAДом и семејство

Заштедете на средства за дезинфекција: Еве како можете да го искористите хидрогенот

Реклама

Хидрогенот пероксид можете да го искористите за чистење на куќата, негување на телото и слични корисни намени. Хидрогенот се продава во концетрација од три до десет проценти, а како можете да го примените дојзнате во продолжение.

ФОТО: Shutterstock

Дезинфекција на приборот за шминкање, маникир, педикир и четки за заби

Секогаш кога користите прибот за маникир или педикир или прибор за трепки, тие доаѓаат во контакт со површината и со бактериите. Исто така четката за заби собира бактерии, без оглед дали сте купиле модел со капаче. Можете да ги дезинфицирате така што ќе ги замотите во хидроген или ќе ги истриете со памукче на кое сте ставиле малку хидроген пероксид. Четката за заби и се’ што доаѓа во допир со очите, задолжително измијте ги со вода откако ќе ги исчистите.

Дезинфекција на кујнската даска за сечкање

Секогаш кога користите дрвена или пластичка даска за сечење намирници, се појавуваат мали гребнатинки кои стануваат собиралиште за бактерии. Ставете малку хидроген пероксид, па измијте со вода. Тогаш даската е подготвена за сечење.

Маркетинг

Дезинфекција на фрижидерот

По чистењето на фрижидерот, ставете малку хидроген периоксид на една крпичка, па пребришете за да ги убиете бактериите. Оставете да делува неколку минути, а потоа пребришете со крпа и обична вода.

Чистење на плочки

Фугата помеѓу плочките во бањата или купатилото не само што може да станат нечисти, туку може и да замирисаат неубаво. Еден од најдобрите начини за да ги убиете габичките е употребата на хидроген периоксид. За да ја избелите фугата можете да направите паста од мешавина од сода бикарбона и хидроген пероксид. Намачкајте ја на плочките и оставете да делува околу пет минути. Потоа избришете со крпа и обична вода.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button