Реклама
BEAUTYКоса

Корисни совети со чијашто помош вашите шишки ќе изгледаат одлично секој ден

Реклама

Ако ги изберете вистинската големина и вистинскиот облик за своето лице, шишките може да бидат полн погодок. Ако имате масна кожа и коса, најверојатно веќе после половина ден имате потреба да ги тргнете шишките од вашето лице, зашто не изгледаат ниту малку привлечно. Но, и за овој проблем постои решение. Следете ги овие совети и вашите шишки ќе изгледаат одлично секој ден.

Брзо сушење

После миењето, шишките се сушат значително побрзо од остатокот од косата, па  би требало да ги сушите непосредно по миењето, затоа што полесно ќе ги скротите отколку ако бидат исушени на половина.

Внимателно со производите

Што повеќе производи нанесувате на косата, таа побрзо ќе се масти. Затоа, на шишките нанесувајте ги само нужните производи како шампон и лак за коса.

Маркетинг

Брзо миење

Со цел да изгледаат што подобро, би било најдобро шишките да ги миете секојдневно. Остатокот од косата врзете ја во коњско опавче, а измијте ги само шишките. Ако сте во брзање, ќе ви помогне и шампонот за суво миење, но не треба да го користите повеќе денови по ред.

Вложите во апарати

Со цел да изгледаат што е можно подобро, шишките бараат стилизирање со посебни апарати наменети за тоа. Ако планирате да ја задржите таа фризура, ви советуваме да вложите во квалитетна четка или мала пегла за коса со чијашто помош ќе остварите најдобри резултати.

Маркетинг

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button