Неколку корисни совети што ќе ви помогнат да ги подготвите вашите нозе за летни сандали
Веќе сме на прагот на сезоната на сандалите, па затоа, од голема важност е да почнете да ги средувате вашите стапала. Но ако до сега не им ја посветивте потребната нега, не грижете се, имаме неколку совети за вас кои ќе ви овозможат да се подготвите за босоногите денови.
Потопете ги своите стапала
Наполнете ја кадата со топла вода и ставете малку сол, со цел да ја омекнете кожата. Солта ќе ви ја смири кожата, а воедно темелно ќе ви ги исчисти стапалата.
Набавете си турпија за стапала
Одбрете турпија која ви одговара, а потоа со нежно притискање турпете го долниот дел од стапалата и на другите места каде што имате сува кожа. Задолжително посветете време на овој дел, доколку сакате добри резултати.
Осветлете си ги ноктитие
Како прво, отстранете го лакот од вашите нокти. Ако веќе подолго време носите лак, најверојатно ноктите ќе ви бидат по малку жолти. За да ги отстраните овие флеки, помешајте три лажички хидроген со половина чаша топла вода. Потопете ги ноктите неколку минути, а потоа со мека четка за заби почнете да ги триете. По потреба повторете ја постапката.
Секоја вечер хидратација
Веднаш штом ќе излезете од тушот, исушете ги своите стапала и на нив нанесете хидратантна крема.
Ве советуваме да изберете некоја која содржи комбинација на млечна и AHA киселина.