Со овие совети од експертите, ќе изгледате како добро да сте се одмориле цели осум часа.
Со овие совети од експертите, ќе изгледате како добро да сте се одмориле цели осум часа. Навечер задолжителни се овие два чекори:
1. Чистење
Пред спиење, отстранете ја шминката. Ако редовно заспивате со шминка, најверојатно ќе се разбудите со црвенило околу очите и отечени капаци. Најбрз начин да ја отстраните шминката (дури и водоотпорната) е да користите отстранувач на база на масло.
2. Нега
Испробајте ретинол. Тоа е единствена состојка за која е докажано дека ја измазнува кожата и ги намалува темните кругови околу очите.
Можам ли кремот за лице да го користам наместо крем за околу очи?
Повеќето дерматолози велат не. Лосионите за лице најчесто содржат парфеми, што може да ѝ штети на чувствителната кожа околу очите.
Неколку совети да се изборите со подочниците
Избегнувајте сол и алкохол
Солта и алкохолот прават телото да ја задржува течноста, па од тоа изгледате и се чувствувате како да сте отечени.
Капки за очи пред спиење
Пред спиење ставете си неколку капки за очи без конзерванси, за да го прескокнете утринското црвенило.
Наместете ја перницата
Спијте под агол од 45 степени: На својата вообичаена перница ставете „авионска“ перница, за флуидите во телото да отидат надолу.
Наутро пак, почнете со крем околу очите.