Наши ѕвезди

Коренот си е корен, нејзината поврзаност со Македонија е исконска! Василија искрено за своето потекло

Еве зошто Василија во последно време важи за една од најбараните пејачки на нашата естрада

Advertisement

Оваа пејачка од Бугарија ја „тресе“ Македонија

Младата пејачка од Бугарија, Василија Петрова, за кратко време стана една од омилените фолк-изведувачи во нашата земја.

Advertisement

Таа постојано настапува на најразлични настани организирани низ цела Македонија, а на социјалните мрежи привлекуваат внимание и нејзините снимки од нејзините гостувања во нашата дијаспора.

Инстаграм/ Василија Петрова

И како што самата вели, Василија ги обожава македонските песни, но и земјата од каде се нејзините корени.

Advertisement

Имено, таа иако е родена во Ќустендил, „срцето ја тера кон Македонија“, а тоа и самата неодамна го изјави за Гламур.

Инстаграм/ Василија Петрова

„Мојата поврзаност со Македонија е нешто длабоко и искрено. Коренот си е корен, а Кочанскиот е силен“, вели пејачката и додава:

„Иако сум родена во Ќустендил, срцето си ме тера накај Македонија. Таа врска ми дава сила и голема инспирација и со секоја песна ја пренесувам душата на Македонија, а музиката сама по себе кажува сè, изјави оваа прекрасна млада дама неодамна за Гламур магазин.

Инстаграм/ Василија Петрова

Колку оваа млада дама навистина ужива во македонската музика, можевме да видиме и неодамна, кога облечена во македонска народна носија запеа стара мијачка песна и ги воодушеви сите.

Како Василија изгледаше и во ова издание, потсетете се во продолжение, а целото интервју со неа, ѕирнете го тука.

Инстаграм/ Василија Петрова

Инстаграм/ Василија Петрова

Инстаграм/ Василија Петрова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button