Реклама
BEAUTYКоса

Прелијте коприва со ладна вода – чудесен лек кој помага за побрз раст на косата

Реклама

Еве како да го направите овој чудесен рецепт од нашите баби кој служи против опаѓање на косата и за нејзин побрз раст.

ФОТО: piqsels.com

Копривата е природен лек кој помага при различни тегоби, идеална е за детоксикација и како додаток на разни јадења, а има и волшебно дејство за убавината на вашата коса. Копривата содржи витамини А, Ц, Д, Б и К, како и бројни актиоксиданти. Уште од одамна нашите баби ја користеле копривата за негување на косата. Оваа билка им помага на личностите со поретка и послаба коса, како и на оние со потенко влакно.

Се препорачува и при проблеми со опаѓањето на косата и првут, а можете да ја искористите на наједноставен начин. Не ви се потребни скапи третмани и препарати, туку од прироадата може да го земете она што ви е потребно да ја нахраните својата коса. Еве како да направите мелен за коса од коприви.

Маркетинг

Потребни состојки:

  • 300 грама свеж лист од коприва
  • 2 литри вода

Начин на подготовка: Листовите коприва прелијте ги со ладна вода и оставете ги преку ноќ. Потоа процедете ја копривата и добиената течност ставете ја во едно шишенце.

Откако ќе ја измиете косата со својот шампон, ставете ја косата во течноста во која стоела копривата и држете ја така неколку минути, масирајќи го темето на главата со цел да го зајакнете коренот на влакното. По употребата на течноста од коприва не морате да ја измивате косата, туку исушете ја. Овој третман можете да го применувате често, а промените ќе бидат видливи набрзо.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button