Контроверзната убавица откри дека има ново момче, па сподели и една радосна вест од нејзиниот дом
Ова е најважниот ден во нејзиниот живот
Познатата инфлунсерка Агнеса Органџиева го прослави својот 41-ви роденден, а благодарение на Инстаграм видовме и како.
Облечена во кусо и полу-проѕирно црвено фустанче што неодамна го доби како подарок од еден од брендовите со кои соработува, Агнеса блескаше и мамеше воздишки со ова издание.
Но оние што ја следат на Инстаграм знаат дека оваа дама често изненадува со вакви слични комбинации, посебно откако ја донесе својата линија до совршенство, па сега изгледа топ што и да облече.
Маркетинг
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа често споделува фотографии и од својот раскошен стан во Кисела Вода, каде живее со своите ќерки и домашни миленици, а има и една змија со која Органџиева ги изненадува своите гости.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Сепак, она што сега ги изненади сите не е нејзиниот домашен миленик, туку информацијата дека има партнер.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Имено, Агнеса во изјава за Hype TV, откри дека оваа година роденденот ќе го прослави дома, во кругот на семејството, а од присутните покрај ќерките и неколку блиски роднини ќе биде и нејзиниот партнер.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Потсетуваме, Агнеса и пред неколку дена ги изненади сите кога во емисијата Нешто конкретно призна дека има нов партнер.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Но таа тогаш и ги насмеа сите и со својата шеговита изјава за него, кога откри дека партнерот мора да се контролира бидејќи во спротивно, доколку биде пуштен како куче од ланец тој веднаш ќе си најде некоја нова кучка по пат и ќе си замине.
Повеќе за ова прочитајте тука…