Погледнете ја оваа забавна страна на хороскопот, зашто може да ви открие многу за хороскопските знаци, а притоа и да ве насмее!
Овен – било што, само да е енергично.
Бик – желка. Бавно се движи, не бара многу внимание и премногу храна од сопственикот.
Близнаци – папагал. Треба ли да го коментираме ова?!
Рак – не е важно што, само да е нешто што треба да се негува.
Лав – една голема, опасна и дива мачка. Секако, се’ додека не почне да се натпреварува со сопственикот за место под сонцето.
Девица – што и да чува, Девицата ќе се однесува според одреден план и работите ќе ги изведува во одреден час.
Вага – не е сигурна никогаш. Куче, да, што е добар и дружељубив пријател. Мачка, да, зашто е независна и не бара многу нега и внимание…
Скорпија – мачка! Таинствена, мистична и непредвидлива.
Стрелец – коњ, секако.
Јарец – нешто што нема да го чини многу финансии.
Водолија – хрчак во убаво декориран кафез.
Риби – рибички. Кога сопственикот ќе заборави на нив, лесно е да ги замени. Ако Рибите воопшто се сетат да го направат тоа.