Конечно откри до кога ќе трае шоуто на Сител – Лила го изненади и банкарот, ова не го очекуваше
Нејзините стајлинзи редовно се коментираат, но овој пат изненади и со пораката што ја остави

Блеска во секое свое издание
Познатата водителка Лила Филиповска покажа детали од снимањата на новите епизоди од нејзината емисија „Сé или нешто“.
Таа најпрво позираше во мало црно фустанче со интересни детали како ракави, истакнувајќи ги своите згодни нозе.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Носеше црни сандали со тенки ремчиња и високи потпетици, а косата и беше пуштена да и паѓа преку голите раменици.
Но потоа сподели уште две интересни комбинации, но овој пат во „макси“ фустани кои како да беа само за неа скроени.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Целото издание го зачини со нејзината препознатлива насмевка, па си доби бројни лајкови и позитивни коментари.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Еден ден подоцна, Лила покажа уште едно издание, но овој пат во фокусот беше длабокиот шлиц на гламурозниот фустан.
Како омилента македонска водителка изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Потсетуваме, Лила неодамна ги започна снимањата на 15. јубилејна сезона на нејзиното квиз-шоу „Сé или нешто“.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа и тогаш се огласи, горда и среќна на проектот, па откри и што им одговара на оние што ја прашуваат до колку ќе трае шоуто.
„Снимањата започнаа, возбудувањата следуваат. 15та јубилејна сезона на ‘СЕ ИЛИ НЕШТО’ и не можам да сум посреќна и погорда !!! На проектот, на екипата , на Сител Тв… на себе. Благодарна на нашите верни и сакани гледачи кои се наши поддржувачи сите овие години и поради кои постоиме толку долго и секогаш сме на врвот на гледаноста!!! Кога ќе ме прашаат до кога ќе траете.. велам дури не учествуваат сите кои сакаат да дојдат. Се гледаме наскоро на телевизија Сител“, напиша тогаш познатата водителка на својот Инстаграм профил.