
Како што пренесуваат германските медиуми, во ова земја идната влада планира да воведе нов фонд за финансирање на семејствата.
Новата германска влада планира да воведе нов фонд за финансирање и помош на семејствата, но за сега овој план се уште е на „лабави нозе“.
Како што пренесуваат германските медиуми, новата влада сака да им помогне на семејствата, посебно на оние кои се финансиски загрозени и кои би можеле да бидат засегнати од бројните отпуштања.
Тие сакаат да им овозможат на овие семејства подобро да управуваат со обврските околу децата и трошоците што ги имаат околу нив, како и оние обврски кои се поврзани со работата и предизвиците што произлегуваат од кризата што се случува и во оваа развиена европска држава.
Фото: Фрипик
Од овие причини тие ја испитуваат годишната семејна пресметка за секојдневните помошници, што значи дека државата ќе го субвенционира семејството доколку тоа на пример има вработено дадилка или куќна помошничка.
Маркетинг
Само еден услов?
Постои само еден предуслов, а тоа е – без работа на црно!
Но се поставува прашање дали воопшто е дојде до овие субвенции, посебно откако зелените кажаа „не“ за новите задолжувања.
Овој предлог не е нов за германската влада, па така за субвенции се дискутираше и во минатото во коалициските преговори.
Фото: Фрипик
Ова не е нова идеја
Па така при крај на 2024 година, министерот за труд Хубертус Хеил го претстави својот план според кој на семејствата би им помогнале со околу 2000 евра годишно, пишува Феникс.
Овие пари првенствено се наменети за семејства со ниски и средни примања, а крајна цел е да се намали работата на црно.
Имено со овие субвенции многу жени би се растеретиле од своите домашни обврски и би можеле да работат со полно работно време.
Фото: Фрипик
На тој начин би се помогнало со проблемот околу нови работници во Германија со кој оваа земја се соочува веќе со години, посебно кога станува збор за квалификуван кадар.
Од друга страна овие домашни помошнички и дадилки што ќе бидат вработени во семејствата ќе станат даночни обврзници.
На овој начин, овие субвенции за семејствата помага во борбата против работа на црно, со што на крајот на денот се помага и самиот буџет со плаќање на даноците.