Конечно добри вести за многу Македонци што живеат и работат во една од најубавите земји во Европа
Повисоки плати за работниците во Германија –

Нови реформи во Германија
Германија како една од најразвиените европски држави во последните неколку години се соочува со сериозни економски предизвици кои се одразуваат и на останатите земји меѓу кои и на Македонија.
И токму заради овие предизвици, германската влада воведува голем број нови мерки, а една од нив е и даночната реформа.
Но од оваа мерка нема да имаат корист сите работници во Германија, и покрај тоа што оваа реформа ќе ги промени платите на многумина.
Но кој од овие промени ќе има корист?
Како што пишуваат германските медиуми, оние што имаат поголема плата од 8.500 евра (станува збор за бруто плата), не само што нема да се „офајдат“ од новата даночна реформа на федералната влада, туку нивната плата ќе биде „скратена“ за околу 160 евра во 2025 година.
Но затоа оние со помали примања ќе имаат поголеми бруто плати, од 59 до 214 евра месечно, во зависност од платата.
Па така на пример работник со бруто плата од 2000 евра, ќе добие плус 59 евра месечно, додека оној со 7500 евра бруто плата месечно платата му се зголемува за 214 евра.
Но треба да споменеме и дека основниот додаток за оние што имаат различен приход во текот на годината, исто така ќе се зголеми.
Па така до крајот на 2024 година основниот додаток ќе се зголеми за 180 евра и ќе изнесува 11.784 евра, а оваа сума ќе се зголеми и во 2025 за дополнителни 300 евра, како и во 2026 година за 252 евра, односно вкупно на 12.336 евра.
Со овие нови мерки пониската и средната класа ќе имаат корист така што полесно ќе ја пребродат економската криза.
Тоа впрочем е и целта на самата сојузна влада која со овие даночни реформи сака да им го олесни животот на своите граѓани.
Фото: Пексел
Од 1 јануари 2025 добри вести и за практикантите
Како што пренесуваат германските медиуми, од 1 јануари 2025 година се зголеми минималниот надоместок за практикантите, односно минималната саатница за вработените кои се вработени како практиканти.
Покрај оваа мерка, во 2025 година ќе се зголеми и минималната саатница за сите останати работници – од 12.41 евра, на 12.82 евра на час, со што и месечниот лимит за плата за оние што работат „мини-џобс“ (работа со скратено работно време, односно споредна работа) автоматски се зголемува на 556 евра од 538 евра месечно колку изнесуваше оваа заработка во 2024 година.
Повеќе за ова прочитајте тука.
Од друга страна, во одредени индустрии вработените можат да се радуваат на уште повисоки минимална плата.
Нивната минимална плата за час е договорена од синдикатите и работодавачите и се прогласени за обврзувачки за сите во овие синдикати. Тоа значи дека тие важат и за вработените во компанијата.
Па така вработените во електроиндустријата од 1 јануари 2025 година ќе имаат минимална плата зголемена на 14,41 евра на час, додека на пример работниците вработени во одржување и чистење на згради и влезови, од 1 јануари ќе добиваат 14,25 евра на час, а за чистење стакло по 17,65 евра на час.
Во образованието и обуката од 1 јануари платата за педагозите е 19,37 евра на час, а за оние со диплома 19,96 на час.
Исто така во март 2025 година минималната плата на час за привремените работници ќе се зголеми од 14 евра на 14,53 евра на час.
Повисоки „минималци“ има и за вработените во здравствената индустрија каде во последните неколку години се вработија и многу наши иселеници кои ги напуштија своите работни места тука и со цели семејства се преселија во Германија. Сега сите тие ќе уживаат и во повисоки минимални плати, од 16.10 евра на час за нискоквалификуваните асистенти, до 20.50 евра на час за целосно квалификувани медицински работници.