Реклама
Секс

Сексуално преносливи болести со кои можете да се заразите дури и ако користите презерватив

Реклама

Основната задача на презервативот е да го спречи пренесувањето на спермата и да спречи несакана бременост, а може да спречи и пренесување на бројни полови болести.

bolesti3 cr

Но, проблемот е во тоа што некои болести не се пренесуваат преку семената течност, што значи дека презервативот можеби нема да биде доволна заштита.

Маркетинг

 

Генитален херпес

Маркетинг

Ако раната од херпесот се наоѓа кај препоните или на дел кој не е покриен со кондом, може да дојде до пренесување на херпесот преку таа незаштитена рана. Лекарите препорачуваат апстиненција кога имате видливо избивање на херпес (тогаш херпесот најлесно се пренесува), но треба да знаете дека херпесот може да се пренесе и тогаш кога нема видливи симптоми.Презервативот не е доволна заштита ни кај херпесот од тип 2, односно гениталниот херпес, ни кај херпесот од тип 1, односно оралниот херпес за кој неодамна се откри дека може да се пренесе преку полов однос. Во зависност од стадиумот на болеста, херпесот може да биде помалку (кога нема видливи симптоми) или повеќе заразен (кога има видливи меурчиња на кожата). Гениталниот херпес може да предизвика и вагинална болка.

ХПВ

Хуман папилома вирусот е највообичаената сексуално пренослива болест и доколку сте сексуално активни, постои голема веројатност дека некогаш во животот ќе бидете изложени на ризик од ХПВ. Некои типови ХПВ можат да предизвикаат генитални брадавици, но некои немаат никакви видливи надворешни симптоми поради што многу луѓе не знаат дека имаат ХПВ. Дури и тогаш кога не постојат брадавици, ХПВ може да се пренесе преку кожата.

bolesti3 cr

Некои типови ХПВ можат да предизвикаат рак на грлото на матката и иако постојат докази дека користењето презерватив го намалува ризикот од рак на грлото на матката, нема цврсти докази дека кондомот го спречува пренесувањето на ХПВ.

Срамни вошки

Срамните вошки не се толку вообичаени поради подобрувањето на општествените стандарди и хигиенските навики. Срамните вошки положуваат јајца и живеат во срамните влакна што значи дека во таков случај, презервативот нема да биде од никаква помош.

Сифилис

Сифилисот се манифестира како цврста, тркалезна и најчесто безболна рана, односно чир. Како и кај херпесот, презервативот може да пружи заштита во зависност од тоа каде се наоѓа раната. Употребата на кондомот го намалува ризикот од заразување, но ако чирот се наоѓа на дел од пенисот кој не е заштитен, може да се пренесе.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button