Дизајнерот Martin Aube прави спој на две навидум неспојливи работи – ниска цена за крајниот потрошувач/муштерија и бескомпромисна љубов кон природата.
Автомобилов е концепиран на идејата за максимална аеродинамичност и безвременски дизајн, инспириран од труповите на авионите. Иако нам лично повеќе ни личи како некое футуристичко такси возило од SF филм, од Б продукција, дизајнерот Aube се колне во очите дека станува збор за обликување кое е доста применливо и во денешниот свет. Уште на самиот почеток кога на светот му ја претстави својата идеја, Martin (кој меѓу другото е главна фаца во Industrial Designer at The Creative Unit одCanada) тврдеше дека ова е вистинскиот модел за автомобил на иднината, кој може да стане национален симбол на Canada, кога се во прашање колите. Беа замислени два модела: едниот со две седишта наречен “Mini” и другиот со шест и со име “Van” (навистина оригинален назив, зарем не?!)
Иако мора да се признае дека самата форма не е лоша, дури умерената агресивност и привлекува до одредена мера, ние сме сепак ќе кажеме дека би се сложиле со тврдењето на авторот. Секако, доколку во некои моменти сосема нормална почне да ни делува сликата, ваков Hinterland да го видиме на некоја зелена ливада (да биде сé во контекст со екологијата нели…). Што најверојатно ќе се случи кога врбата ќе роди грозје. А во прилог на оваа наша мисла оди и тоа што веќе трета година концептов си стои во фиока.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.