Рецепти

Компот од суво овошје и сируп од ванила

Реклама
Реклама

При крајов на ова годишно време, компотите претставуваат одличен извор на освежување и внесување овошни вкусови за време додека не се сезонски.

alt 

Овој компот се служи изладен, откако ќе остане 24 часа во фрижидер. Истиот може да се додаде и како прелив врз сладолед. Епа, уживајте во подготовката!

Маркетинг

Состојки потребни за 8-10 порции:

1 прачка ванила, 1,5 шолја шеќер, 3 шолји вода или бело вино, по една шолја исечкани суви кајсии, крушки, праски и смокви. Напомена: наместо прачка ванила, можете да додадете 2 супени лажици екстракт од ванила во изладениот компот.

Маркетинг

Подготовка:

Доколку подготовката вклучува прачка ванила, најпрво истата исечете ја на 4 резанки по должина. Истите ставете ги да се варат во водата (или виното) и додадете го шеќерот. Откако ќе проврие, оставете да се варат околу 3 минути, додека течноста не се избистри. Меѓувремено мешајте. Откако течноста ќе се избистри, додадете го сувото овошје и оставете уште еднаш смесата да проврие. Потоа намалете го огнот и оставете уште 10-ина минути да омекне овошјето. Откако ќе се излади, ставете го компотот во затворен сад, и оставете да се лади 24 часа во фрижидер.

alt

Доколку во подготовката не е вклучена прачката од ванила, додадете 2 лажици екстракт од ванила во изладениот компот. Компотов може да стои во фрижидер и до 2 недели.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button