Машки крој по кој полудеа жените
Овој модел се појави минатата сезона во продавниците на Зара и стана еден од омилените на многу ИТ девојки од целиот свет. Станува збор за блејзер со машки крој, во сиви нијанси, со прифатлива цена и извонреден изглед поради што многу девојки го „вдомија“ во своите плакари. Но покрај Зара оваа сезона и бројни други хај-стрит брендови имаат ваков модел на своите полици и тој најчесто ни доаѓа во комбинација со панталони со висок струк или ултра кратки здолништа. Токму затоа и можеме да претпоставиме дека сивиот кариран костум ќе биде еден од водечките трендови во новата есенска сезона – уште сега можете да го забележите низ излозите на вашите омилени продавници како и во нивните есенски едиторијали.
Mango
Можете да го носите во најразлични пригоди, но и раздвоено, без разлика дали го фурате со патики или опасни високи потпетици…
Mango
Pull&Bear
Topshop
Zara