„Компас бенд” го одврзаа кесето, снимија високобуџетен спот за нова песна – „имаме многу големи планови“
Познатата група „Компас бенд” годината ќе ја заокружи со уште еден музички проект, за кој вчера во ресторанот „Де Гама” организираа дружба со најблиските соработници и медиумите, пред кои го претставија сработеното.
Се работи за нова песна и тоа на српски јазик со наслов „Очигледно”, на која како автор се потпишува нивниот пријател Зоран Рудан – Цеки, односно музика и текст, додека аранжманот е на Иле Спасев.
На промоцијата беа присутни и авторите, кои не го криеја своето задоволство од соработката со екипата на „Компас бенд”. За овој најнов музички проект се сними и високобуџетен спот, а како режисер на истиот се потпишува младата режисерка Ана Марија Јанковиќ.
Спотот е снимен на неколку локации во Скопје, а за потребите на снимањето е користена специјална сценографија и визуелни ефекти.
„Ние сме презадоволни, како од авторскиот тим, така и од тандемот Ана Марија Јанковиќ и Дарио Јанковиќ. Очекуваме песната да ѝ се допадне на публиката, а првите реакции се веќе такви. Ова беше наша втора песна за оваа 2024 година, но за следната 2025 година имаме многу и големи планови” – велат од „Компас бенд”.
Во продолжение погледнете го спотот за “Очигледно”.