Комичарот Љупчо Крстевски што го избраа за „Маж на годината“ стана татко – ќерката доби преубаво име
Мажот на годината доби женско дете
Комичарот Љупчо Крстевски сподели преубава вест
Откако пред само неколку дена беше избран за Маж на годината, комичарот Љупчо Крстевски денес сподели уште една убава вест.
Имено, Љупчо откри дека неговата сакана се породила и дека сега има уште една ќерка на која и дадоа преубаво женско име.
„Денес се роди мојата втора радост. Нека расти жива, здрава и среќна. Добредојде Јоана. Фала ти Господе“, напиша Љупчи на Фејсбук.
Фејсбук/ Љупчо Крстевски
Потсетуваме, Љупчо е во брак со Елена Писмановска со која покрај Јоана ја имаат и ќеркичката Илијана.
Фејсбук/ Љупчо Крстевски
Тој се прослави во хумористичното шоу К-15, а денес е актуелен на социјалните мрежи особено со неговиот профил на Инстаграм, mr. ljube каде со своите кратки и хумористични видеа ги насмејува своите бројни обожаватели на оваа социјална мрежа.
Фејсбук/ Љупчо Крстевски
Инаку, името Јоана произлегува од Јована и има еврејско потекло со значење – Господ е милостив.
Ова име од дамнешни времиња е присутно во разни варијанти во христијанскиот свет. Почнувајќи од Јован Крстителот, еврејскиот пророк и Јован, писателот на четвртото евангелие и Апокалипсата, името било често и на византиските и никејските цареви, потоа на врховните поглавари на Римокатоличката црква, значајни теолози, кралеви и други. Тоа исто така е библиско и календарско име.