Наши ѕвезди

Комеморација за Тоше Поп Симонов

Во среда, на 7 мај 2025 година, во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје во кино салата Фросина со почеток во 13.30 часот ќе се одржи комеморација за неодамна прерано починатиот македонски музичар, композитор, текстописец, аранжер и музички продуцент, Тоше Поп Симонов.

Advertisement

Настанот симболично се организира токму на местото каде што Тоше ги направил своите први посериозни музички чекори и ги забележал првите успеси во далечната 1980 година како гитарист на тогашната џез-рок/симфо-фјужн група „Пост скриптум“ во која покрај него на гитара ќе членуваат врвни музичари како Кирил Џајковски на клавијатури или Љупчо Трајковски Фис на бас.

Тоше Поп Симонов ќе остане запаметен како врвен гитарист кој суверено ги владееше сите стилови и музички жанрови, за потоа да прерасне во еден од најсодржајните автори и пред се врвни музички продуценти со кој соработувале најголемите имииња во историјата на македонската популарна музика.

Advertisement

На комеморацијата ќе зборуваат 15-тина македонски музички ѕвезди, новинари, колеги, пријатели, соработници на Тоше со кои тој соработувал и се дружел во текот на животот и музичката кариера.

Нивните сеќавања ќе бидат илустрирани со мноштво фотографии, видеа и музички парчиња од богатиот авторско- продуцентски опус на Поп Симонов.

Идејата на овој начин да се сочува споменот на музичкиот гениј, каков што беше Тоше, музичка легенда но и прекрасен човек, на чија работа, личност, на неговиот луциден хумор и неисцрпна креативност низ своите сеќавања јавноста ќе ја потсетат: Бени Шаќири, Дарио Панковски, Петар Георгиевски – Камиказа, Драган Б. Костиќ, Верица Пандиловска, К-15, Игор Џамбазов, Кирил Џајковски, Ена Веко, Фиц од „Студени нозе“, Лабина Митевска,Ристо Солунчев, Џина Папас Џокси…

Advertisement

Наратор на настанот ќе биде музичкиот новинар и водител Антонио Димитриевски, а организатори се членовите на семејството и дел од блиските пријатели, соработници и колеги на Тоше Поп Симонов.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button