Холивуд

Модните игри на најубаво облечената принцеза на светот

Advertisement

Таа важи за една од најубаво облечените дами на кралскиот двор

Advertisement

Оваа атрактивна Австралијка го плени вниманието со своите модни комбинации кои според многумина се далеку поинтересни и од оние на Кејт Мидлтон. Принцезата Мери која срцето на данскиот принц го освои во 2000 година во Сиднеј на прославата на 100 годишнината на Економското училиште во Копенхаген се појави во интересен стајлинг – долго лелеаво здолниште со интересен цветен дезен кое го носеше во комбинација со едноставна долга црна блуза и стилето високи потпетици од кадифе со потписот на генијалниот Џанвито Роси.

Истата комбинација принцезата ја носеше и пред три недели кога беше во официјална посета на Катар, но тоа очигледно воопшто не и пречеше повторно да се прошета во истите парчиња. Таа ги повтори и модните додатоци – плико чанта од кадифе во силна розова боја и со потписот на „Carlend Copenhagen“ како и обетки со скапоцени камења во облик на солзи.

Advertisement

Инаку, убавата Австралијка досега двапати го освои првото место како најдобро облечена дама според гласовите на британскиот магазин „Hello“, а беше номинирана и на минатогодишната престижна листа со најдобри облечени жени според магазинот Vanity Fair.

Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа дама?

Кралицата ги воодушеви сите со овој женствен фустан >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button