Десет комбинации кои можеме да ги носиме преку лето наменети за девојки кои НЕ носат шорцеви
За многу девојки шорцевите се „must-have“ парче за во летниот период, но тоа дефинитивно не важи за сите нас, бидејќи за некои кратките шорцеви се апсолутно најлошото парче, а тоа особено важи за оние кои го применале прагот на 30-тите.
Па, доколку сте дел од втиориот табот кој ги избегнува овие прекратки парчиња, не грижете се. Постојат милион комбинации кои можете да ги носите преку лето и во кои ќес е чувствувате исто така приајтно и симпатично како и сите оние девојки кои не мпжат да се одвојат од нивните омилени шорцеви. Погледнете ги овие десет комбинации и кажете ни која е вашата омилена во која би можеле да ве видиме во наредниот период. (Сите оние пак, кои немаат проблем со кратките шорцеви и секогаш се расположени да ја збогатат својата колекција со уште пар или два тексасни модели, кликнете тука и видете ги најубавите шорцеви за ова лето со пристојни цени.)
Комбинирајте краток топ и здолниште со принт во комбинација со тренди тексас јакна, кармин во шик боја и стејтмент сандали…
Блуза со голи раменици која е во мода за оваа сезона (види тука) во комбинација со миди здолниште со риги и сандали…
Скокнете во вашето омилено здолниште во бела боја и комбинирајте со тексасна кошула која ќе ја носите на модерен начин (види тука).
Широки панталони, рамни сандали и тренди блуза…
Панталони во кои никогаш нема да ви биде здодевно …
А кога сакате да изгледате посебно облечете комбинезон. Одберете некој со модерен крој и комбинирајте со високи потпетици со животински принт…
Ретро здолниште со копчиња во предниот дел во комбинација со шик еспадрили. Доколку сакате да ги видите најубавите еспадрлили за оваа сезона, кликнете тука.
Овој фустан е одличен избор за деловни комбинации, но доколку се комбинира на вистинскиот начин може да се носи во било која пригода.
Риги и еспадрили? Да, да, да ….
види повеќе » |