Секоја од нас во плакарите држиме барем по неколку маици кои ни се омилени.
Станува збор за нешто кое најчесто го носиме кога одиме на кафе или на попладневна прошетка со пријателките низ центарот на градот, и покрај тоа што истите овие маици ИТ девојките веќе некое време ги фураат во своите шик комбинации. Не ни верувате? Па погледнете ги овие супер аутфити кои ги собравме од Инстаграм и кои ќе ни послужат да ви демонстрираме дека и обичните маици можат да бидат клучни во вашите модни комбинации.
Еве во која продавница ќе ги најдете најубавите маици со натписи >>
Можете да ги носите со здолниште на преклоп или пак со панталони со интересен дезен кои најдобро одат со обична бела маица. Доколку се одлучите за кратко здолниште, тогаш облечете ги и вашите омилени високи потпетици, а во комбинација со тесни фармерки или симпатични кратки здолништа со карнери можете да ги носите и со старки.
Оваа маица со натпис го преплави интернетот, а ние знаеме од каде да ја купите >>
Погледнете како ги носат овие девојки и пронајдете ја вашата омилена комбинација на следната страна >>