Трендови

Комбинации кои ги позајмивме од најпознатите манекенки

Advertisement

Што носат деновиве новите модели на Викторијас сикрет

Advertisement

Еден од водечките луѓе во Викторијас Сикрет, Ед Разек, овие денови е со полни раце работа бидејќи воопшто не е лесно да се изберат 57 модели кога на кастинзите, кои деновиве се случуваат, се појавуваат речиси сите топ модели на денешницата.

Според она што се шушка зад модните кулоари, оваа година (ревијата се одржува кон крајот на годината, а местото на самото одржување се уште не е познато ) на пистите нема да ги видиме Инста моделите Кендал, Џиџи и Бела.

Advertisement

Како и да е, кастинзите се во тек, а тоа е и причината многу познати street style фотографи да се соберат во Големото јаболко како би можеле да ги фотографираат новите лица на брендот од кои, некои се познати манекенки, а некои се подготвуваат тоа да бидат. Што се однесува до нивните комбинации – сите можат да ни послужат како инспирација за она што би можеле да го носиме во следниов период. Од фармерки и кратки фустани, до комбинезони и кроп топови, овие тренди парчиња им се омилени на младите девојки кои се натпреваруваат која ќе биде дел од ревијата, а нивните најдобри стајлинзи погледнете ги во продолжение.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button