Наши ѕвезди

Колумбиецот ја пее „Велат не нема“ заедно со Влатко Миладиноски, Македонците во транс (видео)

Ќе се воодушевите кога ќе слушнете како овој странец ја пее „Велат не нема“ заедно со Влатко

Advertisement

И странците ги обожаваат песните на Влатко

Нашиот познат фолк-пејач Влатко Миладиноски на својот Фејсбук профил сподели видео од концертот и сите ги воодушеви.

Advertisement

Но овој пат во фокусот не беше тој, туку симпатичниот Колумбиец Јанко кој пее и свири народни македонски песни.

Принтскрин/ Фејсбук

Станува збор за колумбискиот музичар Јанко Богдан Пенјафорт Вилја кој заедно со својот бенд ја промовира македонската народна песна ширум светот, кој беше специјален гостин на концертот на Влатко.

Advertisement

Тие заедно со Влатко ја испеаја неговата позната песна „Велат не нема“, пеејќи гордо со него на македонски јазик.

Колумбиецот Јанко на својот профил на социјалната мрежа сподели и снимка од холот во Националната опера и балет, која исто така ги воодушеви македонските следбеници од целиот свет.

Принтскрин/ Фејсбук

Како изгледаше и овој момент во кој Јанко ја пееше песната на Влатко и тој одеднаш му се придружи, погледнете во продолжение.

Принтскрин/ Фејсбук

Потсетуваме, Влатко Миладиноски заедно со својот брат Златко Миладиноски и неговиот голем оркестар направија концерт за паметење.

На овој своевиден фолк-спектакл беа присутни и голем број наши познати имиња, а еден од најемотивните моменти беше кога на браќата Влатко и Златко на сцената им се приклучија и братучедите Дамјан Стојаноски, синот на легендарниот Војо Стојаноски, и Дарко Стојаноски, синот на Никодин Стојаноски, инаку брат близнак на мајката на Влатко и Златко. Повеќе детали за овој настан погледнете тука.

Принтскрин/ Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button